Joomla!® 1.6 дојде!
Joomla 1.6.0 конечно е достапна за преземање. Новата верзија на Joomla нуди повеќе сила, повеќе контрола и повеќе можности од порано. Со голем дел од апликациите направени одново од темел, најновото издание на Joomla нуди опуштено изработување страници за мали, средни и големи бизниси на кои им се потребни веб страници, интранет и апликации за нивните респектабилни пазари. Овозможувајќи моќ на едноставен начин, Joomla 1.6 си го обезбеди местото како популарен CMS (систем за менаџирање содржини).
Joomla 1.6 нуди нови можности за крајните корисници и администраторите вклучувајќи:
- Попрецизна пристапна контрола за гледање и уредување на содржините со уредување на кориснички групи и нивоа за гледање
- Кориснички дефинирана структура на категории, од едноставните со едно ниво до комплексни категории со повеќе нивоа
- Подобрувања во инсталацискиот дел кој овозможува инсталирање повеќе надградби во еден пакет и обновување со еден клик
- Зголемена јазична поддршка за лесна изработка на повеќејазчини страници
- Почетно време на објавување и крајно време на објавеност за модулите со повеќе контрола над тоа каде ќе се прикажуваат
- Нови шаблони и семантички ознаки за уживање на очите како и на машините за пребарување
- Повеќе креативна контрола над стиловите на шаблоните
- Стотици дополнителни можности, поддржувајќи го лесното работење и продуктивноста
Со Joomla 1.6 изработувачите ќе прават наградби многу побрзо низ сите фази на дизајнот, распоредот и обновите. Напредните и богати API-ја нудат нови можности за интеграција, натпревар и продор на постојниот и новите пазари.
Стилските подобрувања им нудат на графичките дизајнери повеќе контрола и повеќе флексибилност во изработката совршени ефекти за која и да е веб страница или публика. Дизајнерите сега можат виртуелно да го прескокнат комплетниот изглед на администраторскиот дел на Joomla давајќи повеќе простор на новите можности за функционален, пристапен и дури мобилно-достапен администраторски дел. Посебен администраторски шаблон може да биде поврзан со посебен корисник овозможувајќи им на веб-мастерите да ги задоволат сите потреби и барања.
За да научите повеќе или да почнете изреаботка на сопствена Joomla 1.6 веб страница посетете ја joomla.org/16 и преземете го еден од најпопуларните во светот слободни со отворен код системи за уредување на содржини.
Ве покануваме да се придружите на комплетниот Joomla проект во прославувањето на доаѓањето на Joomla 1.6. И најважното, честитки до стотиците волонтери кои имаат огромна заслуга за ова финално издание.
Па повелете, ова е
Се инсталира автоматски преку Joomla па можете да ја инсталирате со преземање или директно преку URL.












