JWeather на Македонски

Недела, 05 Октомври 2008 15:29
Едноставен модул за приказ на временска прогноза користејќи ги податоците од weather.com.
Модулот е сè уште во развој, но веќе нуди доста опции.
Преземете го, инсталирајте го и потоа појдете во Менаџерот на Модули и дотерајте ги поставките за JWeather. Сите поставки се на „нула“ што значи дека ќе морате да вклучите нешто за воопшто нешто да видите на излез.
Нормално дека е потребно да го изнајдете кодот на градот за кој сакате временска прогноза. За да не се мачите, еве ги кодовите на сите наши преку weather.com достапни градови:
  • MKXX0001 - Скопје
  • MKXX0002 - Велес
  • MKXX0003 - Крива Паланка
  • MKXX0004 - Охрид
  • MKXX0005 - Битола
  • MKXX0006 - Прилеп
  • MKXX0007 - Штип
  • MKXX0008 - Берово
  • MKXX0009 - Лазарополе
  • MKXX0010 - Демир Капија
  • MKXX0011 - Гевгелија
  • MKXX0012 - Гостивар
  • MKXX0013 - Тетово

За жал, толку се, па ако го нема токму Вашиот град, едноставно ставете го најблиското мерно место – нема да е голема грешка :)
Наоѓањето на код за саканиот град е релативно лесно. Отворете weather.com и во Local weather делот внесете го името на градот. Откако ќе се вчита прогнозата погледнете во адресната линија и веднаш до local се наоѓа кодот кој се состои од 4 букви и 4 бројки. Нпр.  бараме за Скопје потоа во адресната линија читаме .../localMKXX0001from=... и кодот за Скопје е MKXX0001


Ако може да му се брои на модулот како недостаток, тогаш тоа е неможноста да покажува временска прогноза за два и повеќе градови – покажува само еден град. Значи ќе морате да си направите толку копии од модулот за колку што сакате градови прогноза.
Истотака, недостаток е и тоа што не можете да го смените предефинираното име на градот кое доаѓа од изворникот и е на латиница, па затоа најдобро е да го исклучите приказот на името на градот а тоа да го ставите во насловот на модулот.
При користењето ќе забележите дека некои, се надеваме многу малку, текстуални информации за прогнозата не се допреведени.
Тоа е затоа што изработувачот на модулот предвидел многу малку ситуации. Ние додадовме уште десетина, а ако „налетате“ на непреведена прогноза од типот „AM Sun“ или што да е, Ве молиме да ни испратите порака или слика од непреведениот дел.

 

Галеријата MorfeoShow на Македонски

Четврток, 25 Септември 2008 19:07
Ви ја претставуваме компонентата за креирање галерии – MorfeoShow.
Од оваа верзија, 1.2.0, со неа можете да создавате неколку типови галерии:
  • Класични со стандарден изглед
  • Флеш
  • Мапи (преку Google Maps)
  • Надворешни (Picasa и Flickr)

Едноставна и интуитивна за работа – прекрасна компонента ако Ви се потребни галерии.

Потребно е да го симнете пакетот, да го распакувате а потоа да ги инсталирате компонентата и додатокот. Откако е завршена инсталацијата, активирајте го додатокот, а потоа појдете во менито компонети, одберете ја MorfeoShow и почнете со создавање на Вашите галерии.

Примери:

Преземено со дозвола од Оригиналната страница на компонентата
 

Трик за Мапа на страниците

Понеделник, 22 Септември 2008 23:03

Можете да имате Мапа на страниците во Вашата Џумла без да инсталирате некоја надградба.

Навистина? Како?

Модулот за мени веќе има сè што е потребно: тој во суштина е гранка од сите делови на системот. Единствено треба да го направите да изгледа како компонента.

  1. Создадете нов артикл и наречете го Мапа на страниците. Во делот за текст внесете
    {loadposition sitemap} и зачувајте го. (слика)
  2. Создадете нов дел од мени и наречете го Мапа на страниците и поврзајте го со истоимениот артикл. (слика)
  3. Во Менаџерот на модули направете нов модул за мени. За поврзано мени поставете го она мени кое сакате да го прикажете како мапа. (слика)
  4. Во полето за позиција на модулот внесете sitemap. Тоа, јасно, се однесува на позицијата која предмалку ја користевте во тагот {loadposition...}.
  5. Уверете се дека „Постојано прикажувај елементи од подменито“ и „Рашири мени“ Ви се поставени на „Да“, а потоа зачувајте го модулот. (слика)
  6. Додадете вакви модули за секое мени кое го имате.
  7. Сега би требало да имате убава Мапа на страниците. (слика) Можете да ја дотерате со CSS или, ако сте покреативни, да додадете папки со јаваскрипт.
  8. Пратете тука врска до Вашата Мапа на страниците за да види светот што сте направиле.
Напомена: Текстот е преземен од блогот на joomlatools.org
 

Сподели 1.0

Вторник, 16 Септември 2008 23:22

Сподели 1.0 е додаток кој на Вашите артикли во подножјето ќе додаде кратенки до неколку популарни страници за споделување на информациите.
Потребно е само да го преземете додатокот, да го инсталирате на Вашата Joomla 1.5.x и потоа да го вклучите.

Повеќе...
 


Страница 6 од 9
joomla_transteam

nutrivitalogo

The Joomla!™ name and logo is used under a limited license from Open Source Matters in the United States and other countries.TopNetMK is not affiliated with or endorsed by Open Source Matters or the Joomla! Project.
Copyright © 2010 Топ Нет МК. Сите права се заштитени.
Joomla! е Слободен Софтвер објавен под GNU/GPL лиценцата.