yvTransliteratе - SEO прекар за Вашите наслови
Нашиот пријател Ѓоко МК сакајќи да придонесе за Џумла заедницата ни го испрати и следново:
„Добар додаток за автоматско создавање на прекар (Alias) на артиклите е yvTransliteratе. Ако наслов на Вашиот артикл е „Во чест на Тоше“ прекар ќе е „Vo-chest-na-Toshe“, ова е добро ако користите SEO поставки /Пријателско за пребарувачките машини URL.“
Додатокот можете да го преземете тука:
Напомена: Откако ќе го инсталирате, пред да го вклучите додатокот, во параметрите имате можност да го тестирате, да видите дали ќе функционира за Вашите страници. Потребно е да му одберете од кој јазик, нпр. Македонски, на кој јазик, најчесто Англиски, да напишете некој текст за транслитерација и кај Мод за дебагирање да одберете Да. Потоа активирајте го додатокот и кликнете на копчето Примени. Ако направената транслитерација на Вашиот пример Ве задоволува, тогаш исклучете го Модот за дебагирање и... со среќа користење.
Појаснување од Ѓоко МК:
Треба да имате Македонски јазик во Администрација .. многу битно.












