Артикли
Среќен 5-ти роденден Joomla!
- Детали
- Категорија: Информации
- Посети: 2466
Денес е 5-ти роденден на Joomla!
На 1 септември 2005 година беа лансирани joomla.org страниците. До тој ден Joomla! името беше целосно непознато за светот. Ова е слика од резултатите на Google пред отпочнувањето:

Joomla! 5 години подоцна
Joomla! сега е еден од најпопуларните софтверски проекти во светот.
Околу 2,5% од веб страниците работат на Joomla! Се користи од страна на организации како „Епл“, „Мекдоналдс“, Обединетите нации и од милиони луѓе за нивните компании, хоби-страници, добротворни организации итн.
Како Joomla! стигна овде од таков смирен почеток? Вие.
Joomla! е 100% во сопственост и одржувана од заедницата.
Јоомла! нема зад себе капитал од фирми. Јоомла! нема зад себе матична компанија, нема акционери и инвеститори. Јоомла! нема директор, нема претседател и нема сопственик. Јоомла! сте Вие.
- Вие значи 20 членови на оригиналниот развоен тим кој ја основа Joomla!
- Вие значи 10-тина милиони луѓе кои ја имаат преземано или инсталирано Joomla!
- Вие значи 2334 програмери кои имаат напишано над 5500 додавки за Joomla!
- Вие значи изработувачи на страници кои користат Joomla! да создадат прекрасни веб страници.
- Вие значи дизајнери кои создаваат спектакуларни, врвни шаблони.
- Вие значи програмери кои го пишуваат и одржуваат јадрото на Joomla!
- Вие значи 2348 луѓе кои имаат пријавени прашања, закрпи и поправки на јадрото.
- Вие значи посветени волонтери, кои се грижат joomla.org семејството на страници да работи.
- Вие значи волонтери кои придонесуваат со одговарање на прашања во Јоомла! регионалните групи и форуми.
- Вие значи придонес за Joomla! магазинот.
- Вие значи луѓето кои имаат удел во Јоомла! работните групи и тимови, и во управниот одбор на OSM.
- Вие значи Спонзори на Развојот и Заедницата, и оние кои придонесуваат финансиски во проектот.
- Вие значи Преведувачки тимови кои ја преведуваат Јоомла! во 64+ јазици.
- Вие значи стотици илјади компании кои градат успешни бизниси со помош на Joomla!
- Вие значи илјадници луѓе што се среќаваат во 277 регистрирани Joomla! кориснички групи и Joomla! Ден настани низ целиот свет.
Ви благодариме за овие прекрасни 5 години!
Заедно можеме да продолжиме да го развиваме и унапредуваме овој одличен софтвер и да градиме голема заедница уште многу години.





